Последно збогум до Гоце од синот: Тато, јас тоа што ветив ќе го остварам – ќе продолжам од каде што застан

  • By admin
  • мај 6, 2021
  • 0
  • 1286 Views

За жал корона вирусот не престанува да ни носи нови не пријатни вести и секојдневно во дневната статистика броиме нови лица кои го напуштаат овој свет.

Еден од нив е и музичарот Гоце Талевски, член и еден од основачите на музичката група „Оскар“ од Битола за кого во изминатиот период се собираа финансиски средства за лекување.

Оваа вест денес беше потврдена и од неговите колеги од музичката група „Оскар“.

„Жа лна вест… Денес нè напушти нашиот брат, еден од основачите на група „Оскар“ од Битола… Не сакаме да веруваме и не можеме да го прифатиме ова што ни е припуштено како бо лка….

Поч ивај во мир единствен Гоце Талевски“, пишуваше во објавата на „Фејсбук“ на официјалниот профил на музичката група.

Сигурно најтешко им е на неговите најблиски, поточно неговото семејство.

На социјалните мрежи се огласи и неговиот син Павел кој сподели емотивна порака на својот профил на фејсбук во која што вели:

„Другари, денес се случи нешто што не го очекувавме. Татко ми Гоце Талевски ја изгуби битката со коронавирусот. Јас тоа што му го ветив, ќе го остварам.

Ќе продолжам од каде што застана и ќе се трудам да сум како него и да ги слушам неговите совети. Тато, те сакам најмногу на светот“, напиша тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.