Поранешната министерка е јасна: Барем еднаш гледајте ја Македонија како родител, има потреба од наша помош

  • By klaster3
  • октомври 14, 2022
  • 0
  • 307 Views

Фросина Ташевска Ременски сите ја знаеме како македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика која веќе неколку години не е на некоја функција.

Откако се повлече од политичкиот живот реши да се посвети на фамилијата и домаќинството. Чести се нејзините објави на социјалните мрежи каде ги споделува специјалитетите што ги приготвува, земјоделскиот род, но и некој статус посветен на државата, како овојпат:

Во земја во која мнозинството граѓани чекаат од државата (пензии, плати, работни места, субвенции, социјална помош, сигурност, инвестиции, квалитетно образование и здравство и др.), за првпат Кенедиевата парола добива смисла.

“Не прашувај што може државата да направи за тебе, туку што ти можеш да направиш за државата” !

Денес кога на државата и треба нашата помош за да продолжи да се развива, да биде успешна и перспективна и да го обезбеди сето она што граѓаните го очекуваат од неа, граѓани/политичари заради сопствената себичност не ја препознаваат потребата на државата.

Кога ќе заборавите Македонија да ја гледате како апстракција и име, и кога ќе сфатите дека таа е жив организам, дете/човек што расте и има потреба да се развива, да има извесна и стабилна иднина, да оди напред, да се дружи со другите, да создава и да се грижи да своите..,

само и само тогаш ќе видите колку сте себични како луѓе и колку својата себичност и страв ја криете зад живиот организам/детето/државата Македонија.

Да. И прашајте се во меѓувреме како од неа (од тоа дете), ќе барате се што вам ви треба, а не сте му дале шанса да создаде за да ви даде. Тоа е исто кога од детето барате успеси на училиште, а не сте го запишале на училиште и не сте му купиле книги.

Барем еднаш гледајте ја Македонија како Човек/Родител кој се грижи и им посакува се најдобро на своите деца. Денес тој Човек/Родител/Македонија има потреба од наша помош, за обезбедена и извесна иднина.

Излезете од својата себичност и погледнете ја Македонија како својот Ближен и посакајте и среќа, љубов, иднина и просперитет, зошто само така од неа во иднина можете да ја барате својата иднина !

Да можеше Македонија да ви прозбори ќе ви кажеше да не ја браните толку и така, да не и ја земате иднината, туку да и дадете шанса да живее и да расте заедно со сите !

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.