Прилепчанката Елена Јовческа е позната македонска фолк пејачка која многумина ја знаат како амбасадор на македонската култура и традиција, но и како ретка жена – свирач на изворни музички инструменти.
Јовческа умее да свири на четири инструменти – гајда, зурла, хармоника и пијано. Зад себе им кариера подолга од една деценија, а песната со која се впушти во музичките води е „Атлантида” во 2010 година.
Нејзина лична карта, односно отскочна даска на естрадата и во кариерата е песната „Горда прилепчанка“ која за првпат во 2012 година ја однесе дури до Австралија.
Подоцна снимаше албум со народна музика, а во 2014та година почнала самоуко да свири на гајда. Идејата и била да се издвои од останатите музичари и да научи нешто што ретко кој нејзин колега го знае.
– Јас сум човек којшто е бо рец во својот живот и кога почнав да пеам наидов на многу не правилности, на луѓе коишто сакаат да искористат нешто, а да не направат ништо од тебе.
Сфатив дека сите тие луѓе во мене не гледаат ништо, освен пари и моментално да ме искористат. Јас сум доволно паметна, интелигентна, си размислувам како е можно да не можеш да успееш а знаеш дека ги поседуваш овие квалитети и ми падна на памет гајда, објаснува Елена во емисијата „Тренд Лајф“.
Јовческа е позната по тоа што освен нови песни и видео спотови прави во последно време е актуелна со обработки на стари, но познати музички нумери.
– Да не бев пејачка најверојатно би била некој бизнис менаџер на корпорации, фирми големи да посредувам. Јас не сум човек кој може да е затворен во канцеларија и да седи на едно место, сакам движење.
Јовческа важи за една од најангажираните пејачки па сподели со што се соочува кога има повеќе свирки во еден ден.
– Ме стопираат често, полици јата е во право, но тие не можат да сфатат дека јас сум пеела до 16 часот или 17 на пример во Охрид, а треба максимум во 20 часот да сум во Струмица на свадба и Елена вози пребрзо.
Морам да стигнам, никој не ме прашува на свадбата зошто јас каснам и дали имам или немам време и луѓето се во право. Најмногу што ме сопираат е за брзо возење и за тоа плаќам каз ни, раскажува Елена.
Најголема каз на којашто ја платила е одземање на возачката дозвола на три месеци и е благодарна зашто можеле и повеќе време да и ја одземат.