Полесно доаѓање на странски работници во Германија и добивање државјанства – најави Шолц, наследникот на Меркел

  • By admin
  • декември 16, 2021
  • 0
  • 553 Views

Како што е познато, долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел замина во заслужена пензија со што се затвори едно поглавј,е а се отвори ново.

Олаф Шолц, новиот германски канцелар вчера го имаше своето прво обраќање пред Бундестагот, каде ја претстави програмата за работа на владата во следните четири години, пренесува Дојче веле на македонски јазик.

Луѓето со странско потекло треба да имаат поголемо учество во општеството, оцени новиот германски канцелар Олаф Шолц во обраќањето пред парламентот. Германија е земја на доселеници, но таа треба да стане подобра интегративна држава.

„Се работи за една четвртина од нашето население“, рече Шолц во Бундестагот.

Во 90-минутен говор пред пратениците, Шолц ги претстави основните контури на владината програма која во следните четири години ќе ја спроведуваат трите коалициски партнери во „семафор коалицијата“: Социјалдемократите, Зелените и Либералите.

Кон политиката на интеграција на новата влада спаѓа и олеснувањето на патот до добивање германско државјанство. Во иднина ќе се овозможи и двојното државјанство, како и можноста да се добие германски пасош по петгодишен престој.

„Ќе водиме разумна миграциска политика која промовира легална миграција и ја намалува нерегуларната миграција“, најави Шолц. Во рамките на таа политика ќе се олесни и доаѓањето на работници од странство во земјата.

Во говорот, Шолц ја најави најголемата трансформација на Германија „во последните 100 години“. Фокусот на новата влада ќе биде ставен на развојот на чисти извори на енергија и дигитализација.

„Пред нас имаме 23 години во кои мораме да ги замениме фосилните горива, што ќе значи најголема трансформација на нашата индустрија и економија, најмалку во последните 100 години“, рече новиот германски канцелар.

Ова секако е добра вест и за многуте Македонци кои живеат и работат таму и они кои секако планираат да заминат таму.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.