Иселувањето од Македонија ништо не е ново, а на оваа тема веќе пишуваат и странски медиуми. Напуштени продавници и празни улици, со малку знаци на живот во градот Валандово, од каде младите луѓе масовно бе гаат во странство во надеж дека ќе најдат подобар живот.
Вака новинската агенција Агенс Франс Прес ја почнува својата репортажа од југот на Македонија, во која предупредува на масовното иселување на младите.
Како и другите земји во сиромашниот раб на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација лежи врз темпирана демографска бмба со население кое старее, опаѓачка стапка на прираст и масовно исселување.
Македонија загуби 10 проценти од своето население во изминатите 20 години. Околу 600,000 Македонци сега живеат во странство, според проценки на Светската Банка и властите.
Оча јно слабиот економски раст и недостигот на инвестиции ја притискаат земјата во која сега живеат само 1,8 милиони жители.
„Ако имате над 2,4 милиони жители, но повеќе од четвртина од нив си заминале, треба сериозно да се загр ижите за тоа што ви се случува“, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика“, пренесува АФП.
Дописникот на агенцијата разговарал и со Перо Костадинов, градоначалник на Валандово, кој вели дека „го загубивме ентузијазмот да останеме дома и да се бориме“. Во градот, 90 проценти од приходите произлегуваат од земјоделието.
Пет од 20-те соученици кои бевме во исто одделение веќе се исселија со нивните семејства, вели Бојан Николов, член на младинска организација од Валандово.
АФП ги цитира резултатите од пописот спроведен во 2021, според кои Македонија загубила околу 200,000 жители од 2002 година, кога беше спроведен последниот попис.
Перспективите на граѓаните биле поврзани со можното членство во ЕУ, но по блок адите од Грција и Бугарија, граѓаните решаваат дека нема веќе што да чекаат, пишува агенцијата.
„Ако останете, просечната плата е само 470 евра. ‘Подобро да бидам роб за 2,000 евра во некоја странска земја отколку роб дома за 300 евра”, велат соговорниците на АПФ.
Француската новинска агенција пренесува дека состојбата е слична и во Албанија и другите земји од регионот. Се проценува дека Албанија загубила 1.7 милиони жители во изминатите 30 години, односно 37 проценти од населението. Во Србија, се смета дека 10,000 доктори ја напуштиле земјата во последните 20 години.