Повтарал во трето одделение, а сега на 15 години има две дипломи од факултет

  • By klaster2
  • декември 17, 2021
  • 0
  • 587 Views

Петнаесетгодишниот Џек Рико стана најмладиот човек кој некогаш дипломирал на Универзитетот во Невада во Лас Вегас, што е за чудење.

Рико ја доби својата додипломска диплома оваа недела и ја додаде на дипломите што веќе ги поседува од Универзитетот Фулертон, кој го заврши на 13-годишна возраст и каде што е исто така најмладиот човек кој има диплома досега.

Тој нагласи дека бил многу добро примен од другите студенти и професори на факултетот и дека не бил третиран како дете.

Џек сега ги заврши студиите по историја, а се уште не е сигурен која област ќе ја избере на постдипломските студии и со што би се занимавал.

Интересно е што повтарал трето одделение од основно училиште. Постигна натпросечни резултати на училишните тестови за интелигенција, но некои предмети едноставно не му чинеа. Неговите родители тогаш решиле да го школуваат од дома.

„Ниту едно дете не е исто, бидејќи некои деца напредуваат подобро во училишната средина, други напредуваат подобро додека учат дома… Мислам дека тоа треба да биде изборот на детето“, изјави Рико за ,,КТНВ”

Неговата мајка Ру Андраде вели дека уште од мали нозе покажувал знаци на висока интелигенција. За четвртиот роденден сакаше да ја види Белата куќа.

Неговите родители му рекле дека може ако ги запамети сите американски претседатели. Рико го направи токму тоа, а патем ги дознал имињата на сите потпретседатели – за секој случај.

Освен што веќе има завршено два факултета, Рико, посочува, е доста сличен на секој друг тинејџер. „Тој е вистински глу пак кога се во прашање видео игрите“, на шега вели мајка му.

Додавајќи дека Џек има и сестра со аутизам за која секогаш се грижи и дека „најдоброто нешто кај него е неговото срце“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.