Пејачот Зоран Ванев: Можеби некогаш Македонија ќе стане втора Швајцарија

  • By klaster3
  • јули 14, 2022
  • 0
  • 523 Views

Зоран Ванев кој по потекло е од Штип беше редовен на настапи кај нас, но и во соседна Србија се до 2011 година. Потоа со семејството се реши да се спакува и да се пресели во Швајцарија.

Иако беше роден за на сцена и беше еден од ретките пејачи што успеа да направи кариера и во соседството, Ванев сепак во еден момент реши да ја промени професијата.

Зоран Ванев, кого го знаеме како изведувач на низа песни кои станаа хитови, као „Ангела, Ангела“, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија.

Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил.

Ванев во едно поранешно интервју има изјавено дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

– Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија.

Секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.

Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост – раскажа Ванев во интервју за Фокус.

-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно. Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот“, рече пејачот.

Ванев не е често активен на социјалните мрежи така што не можеме да видиме освен работата кои му се други хобија и активности, но затоа пак во скорешно интервју за Фокус тој е одлучен да не се враќа во Македонија.

– Подолг период живеам во Швајцарија, но каде и да сум, секаде знам да направам да ми биде убаво во животот. Засега не планирам да се враќам во Македонија, освен на летување, но како што велат, никогаш не викај никогаш. Можеби некогаш Македонија ќе стане како втора Швајцарија – се смее Ванев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.