Последниве две години кариерата на Јадранка Барјактаровиќ оди низводно и настапува само во Црна Гора, каде што за влез во клубови наплаќаaт од две до пет евра.
Според извор на Курир.рс пејачката заработува од 200 до 500 евра по концерт, што е драстично помалку во споредба со периодот кога пеела во регионот, особено во Белград.
Како големо неверување одекна информацијата дека Јадранка сега зема многу мали пари за настапите, односно дека билетот за нејзиниот настап чини меѓу 150 до 250 денари.
Тоа значи дека од еден концерт заработува само од 200 па максимум до 500 евра. Извор од Црна Гора вели дека кога се наплаќаат билети за настапот на пејачот, тој добива најголем дел од продажбата, додека од продадените пијалоци не добива ништо.
Ако капацитетот на дискотеката во која настапува Барјактаровиќ е до 200 луѓе, тоа автоматски значи дека таа добива најмногу илјада евра хонорар.
Кога ќе се земе предвид дека сето ова го споделува со својот бенд, соговорник вели дека на Јадранка и остануваат само 200 до 500 евра. А во споредба со тоа како е навиканата не и останува ниту денар.
Тоа е сосема малку за некој што како неа земал и до три илјади евра по клубови и сплавови во Белград, особено ако се земе предвид дека има патни трошоци, облека, шминка, козметика.
Со оглед на тоа дека пејачката е навикната да води висок живот, пријателите велат дека и е многу тешко на финансиски план, особено затоа што има големи долгови.
Да потсетиме, Јадранка минатото лето се најде во центарот на скан дал, кога на политички собир во Подгорица испеа стихови: „Никој ништо не ни може, ние сме посилни од Србија“.
После тоа, бројни српски телевизии и забранија на пејачката во своите програми да се емитува, а набргу потоа и беше забранет влез во Србија.
Бидејќи таа беше мета на целиот регион, во екот на скан далот се огласи и нејзиниот менаџер кој рече дека реакциите биле претерани.