Пејачката Бранка Соврлиќ (65) која стекна голема популарност во 80-тите и 90-тите години, одамна не се занимава со музика, но со сопругот ужива во стекнатото богатство.
– Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас стекнавме многу. Без лажн а скромност, ние сме милионери.
Но би сакала да имам многу помалку, и Бог да ни даде деца, барем едно дете.
Едноставно, не ни се даде да станеме родители во совршен брак со многу љубов и почит. Бог како да не стори сé – искрена е таа во едно интервју.
Бранка признава дека кога сака да ја расположи, најчесто сопругот и дава некој скапоцен подарок.
-Заедно сме од почетокот на кариерата, јас сум неговото бебе. Кога ќе ме изненади, тогаш се е подобро, лани ми купи Мерцедес.
Тој е таков што ми вели: „Имаш пари, купи што сакаш“ и прв забележува кога сум тажна.
Бранка иако има 65 години изгледа како тинејџерка и на линијата можат да и позавидат и помладите колешки.
– Само позитивна енергија, се трудам да се хранам здраво, некогаш се откажувам од слатки, некогаш јадам и по две -три парчиња торта.
Некогаш бев шампион на Србија во џудо, играв ракомет во средно, сега сум во многу подобра форма од мојата генерација – изјави пејачката и додаде дека не направила никакви естетски корекции:
– Естетски корекции како што гледате, немам ништо за себе. За тоа беа задолжени мајка ми и татко ми, изгледаа навистина добро.
Гените се чудо.Секаде ми даваат комплименти, луѓето се чудат кога ќе ме видат, велат дека сум многу убава природна, па сопругот се шегува: „Тогаш ќе ја испратиме во природа“.
Мислам дека најважно е духовното да му дава убавина на човекот, никому ништо ло шо не сум направила.
Ако не сум помогнала, не сум ни одмогнала, имав среќа во детството да имам убав живот.
Среќна сум со она што го имам и што го работам, заклучува Бранка за Пинк.рс