Првиот посериозен снег заврна во Македонија, вистинската зимска идила дојде на овие простори, време за зимските лу дории.
Време за посета на зимски центри каде што може да се релаксира во убавините на планините и снегот. Но многумина нашинци и покрај домашните зимски центри се одлучуваат да зимуваат и во соседните држави.
Па така од година во година најпопуларни се српските центри како што е Копаоник, каде привлекува многу туристи, но од таму доаѓа една интересна и доста необична информација.
Од декември до крајот на март, Копаоник е преполн со туристи, а локалите кои се на патеките или им се омилени на скијачите – „држат“ високи цени во однос на објектите кои се подалеку од сите збиднувања.
Пред некој ден имаше скијачко отворање на Копаоник, а годинава беа забележани огромен број туристи и скијачи. Персоналот во рестораните и кафулињата е корисен и љубезен, но цените се доста високи.
Од една страна, разбирливо е дека цените ќе бидат повисоки, бидејќи жителите на Копаоник и околните места живеат од сезонски туризам и угостителство, особено имајќи предвид дека оваа планина е најпосетувана во зима.
Но некој локали навистина по се претерале со своите цени, па така некој производи ги нудат и пордаваат по нереална цена.
На пример, во едно такво кафуле сметката за две ра кии и едно капучино била 980 динари. Околу 20 динари помалку била сметката за истите три пијачки, плус ручек (половина порција јагнешко со леб), во познат ресторан кај Копаоник.
Исто така, на најатрактивните места порција од 250 грама месо (пет ќебапи) чини 1.200 динари или нешто над 500 македонски денари.
Греано вино е околу 300, капучиното и еспресото одат и до 280 динари… Покрај тоа, во атрактивни бутици, со ски и спортска опрема, нема попусти, па бидете подготвени длабокот да го отворите вашиот џеб.