Перо Камиказа раскажа што се случило откако изгубил година во гимназија и како заработувал пари за одмор

  • By klaster3
  • јуни 13, 2022
  • 0
  • 297 Views

Групата „Меморија“ на 11ти јунни одржа спектакуларен концерт во А1 Арена каде се пееја безвременски хитови – песните на Меморија(Снежана, Нена, Оган под ѕвездите, Дирлада, Македонија…), Некст тајм(Ја излези Ѓурѓо), Морал, Ласт експедишн, Парни Ваљак и Аки.

Основач на рок-бендот е Петар Георгиевски – Камиказа кој на неговиот Фејсбук сподели објава за, како што вели, „низ што се поминав за да го направиме овој концерт“.

„ОДМОР 1977 Како се калеше карактерот.Во втората половина на седумдесетите години, главно монденско летувалиште беше Градиште у Охрид, каде Џамбазови и голем дел од глумачката елита на Драмски театар ги имаа запоседната првите редови со своите приколици.

Јас неколку години со моите другари летував тука, ама ми стана веке “веч виџено” и кога ја изгубив годината у гимназија, решив сериозно да се одморам и на први септември, со нови сили да ја почнам новата шкоската година. Изборот падна на Пореч, на Јадран!

Заедно со Жути од Железара, ковавме план колку пари ќе ни требаат да можеме да поминеме пристојно 14 дена. Математиката излагаше некаде измеѓу 350-400 марки вклучувајки превоз-воз, спиење у шатор и нешто ситно за частење.

Соопштувам дома идејата, татко ми вика имаш од мене 100 марки и тоа е тоа. Веднаш по завршувањето на школската година со Жути се фативме за серизна работа преку студентска задруга, Без разлика што бевме средношколци, а не студенти, најдовме неколку работи.

Сега ќе се чудите зашто неколку: затоа што ретко кој сака да истовара јаглен од вагони, да истовара од Сканиа хладњача полутки у магацин и да работи у фарбарата на тогашен Раде Кончар.

Првото искуство со истоварањето на јагленот на стара железничка станица, беше проследено со голема упала на мускулите, мала дехидрираност, плускавци на рацете што и денес ги памтам и блага сунчаница.

Како и да е издржавме 5 дена, у суштина цела работна недела, добивме исплата на дневниците и побаравме да не префрлат на друго работно место пошто овде ги исцрпевме сите наши физички ресурси!

Од понеделник добивме ново работно место, утовар и истовар у хладњача. У хладњачата беше -20, надвор 40, а во магацин -10 степени. КОга привршуваше неделата не знаевме што е полошо? Она со јагленот на 40 степени, или ова топло-ладно внатре-надвор.

Во петокот повторно добивме плата за 5 дена и видно скршени од нашето претходно работно искуство, замоливме за нешто “полесно”. Човекот на шалтер се изнасмеа и ни вика:”Е тешко се праат пари!”. Ја услиши нашата молба и последната работна недела ја поминавме у Раде Кончар, на фарбање на трафостаници со висок напон.

Тука не не’ печеше сонце, немаше топло-ладно туку имаше континуирана температура, па дури и организиран доручек и ручек у работничка менза. Арно ама, мирисот на лакот и бојата го разбиваше последниот здрав дел од нашето тело. Заврши и ова искуство и буџетот за на одмор беше остварен.

Стигнуваме на заслужен одмор во Пореч, првите 3 дена се утепавме од спиење, а она малку влегување во море ни ги залечуваше раните на рацете кои заслужно направија да се најдеме тука. Тука најдовме уште неколку македонски друштва, нешто женски, нешто машки, и ноќниот живот можеше да почне.

Излеговме во дискотеката во петок и нормално се пуштивме у лов на странкињи. Со Жути, двајцата имавме успешна ноќ, и двајцата на смени го користевме шаторот. Тек наредниот ден, по ден видовме со кого сме ја поминале ноќта и можам да ви кажам дека уопште не сме згрешиле, без разлика што беше на тепка и на пијано.

После 7-8 дена сериозен одмор, решивме да одиме за Трст, да купиме фармерки и да јадеме пица. Тука не чекаше ново изненадување. Жути провери колку кошта пицата во еден преубвав ресторан, кој беше на самиот док од марината.

Излегува и вика не е скупо, 15 марки, сме заслужиле да јадеме по една пица. Испивме и по едно пиво седнати надвор кај што седат сериозни господа и доаѓа сметката. Кога гледаме у сметката и ш ок! Цената дупло поскупо од тоа Жути што видел. Зошто?

Конобарот ни објасни дека сме седеле надвор у бавча и дека цена со поглед е дупло! Не стрефи ш ок и неверување, ама јеб ига, секое искуство се плаќа. По пат си раскажувавме дека 2 вагона јаглен сме истоварале за оваа пица у Трст. Горе-доле де, отприлика!!!!

Поради оваа частовка, го скративме одморот за 2 дена, се збогувавме од Холанџанките што ни беа “другарки” тие денови и цурик дома. Ете така, ова беше моето прво искуство со наше море, а подоцна следеа уште некоку но во подоцнежните години од мојот живот.

ПС Гледате цело време гледам да се одделам од тие седумдести и никако не ми оди. Наредниот пат ќе пишувам уште за музикантите и тхат’с алл! Обеќавам. Ова за децава доколку немаат доволно пари, а сакаат, се наоѓа начин да се исполнат желбите. Кр ваво и со пот ама може!Искерено ваш Петар Георгиевски – Камиказа“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.