Цели осум часа во недела и понеделник Славко Недовиќ (38) и Слободан Петровиќ (41) од село Јасеново чистеле четири километри од селскиот пат за да може едно бебе да замине во Здраствениот дом на прегледи.
Снегот во овој дел на Србија непрекинато паѓал речиси 24 часа во сабота навечер и недела, на повисоките места висината на снежната покривка во понеделник и денеска е над половина метар.
– Беше многу тешко, обемен снег,тежок а покрај него и многу ѓубре. Чистивме во неделата, па продолживме со работа во понеделник, тракторот неколку пати се заглавуваше во снегот.
– Температурата беше четири степени под нулата, но поради ветерот изгледаше многу постудено. Не ни беше тешко, едноставно, не можевме така да чекаме, вели Славко.
Недовиќ и Петровиќ признаваат дека поради чистењето на патиштата кога напаѓа снегот ги занемаруваат другите домашни работи, но здравјето на детето и проодноста била на прво место.
– Најважно е што бебето замина во Здраствениот дом и са надеваме дека ќе помине се како што треба. Исто така го оспособивме патот.
– Општината ни даде само пет литри гориво, но тоа е премалку бидејќи тракторите потрошија многу повеќе, се случи и дефект и сето тоа е на наш грб, вели Слободан.
– И во другите села од овој дел на Србија, кога паѓа снег како во сабота навечер и во недела, мештаните се организираат, сами ги чистат патиштата, општината помага со гориво, не се потпираат само на помошта од градот.
– Не чекаат да дојдат машини, не ку каат и не се жалат, туку работат сами. Селскиот пат во Јасеново вчера според мештаните бил подобро исчистен од регионалниот пат Кокин Брод – Љубиш кој минува низ селото.
Не само оваа зима, Недовиќ и Петровиќ со години ги чистат патиштата низ селото, туку секогаш кога е потребно тие се први, што многу им го олеснува животот на мештаните.