Панчо од ДНК: Му рече – Не викај доктор, те молам, повеќе нема смисла

  • By admin
  • октомври 9, 2021
  • 0
  • 1682 Views

ДНК е една од најпознатите македонска поп група основана во далечната 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Македонскиот хип-хоп изведувач, Владимир Блажев или во јавноста познат како „Панчо ДНК“и покрај успешноста на дуото ДНК пред пандемијата, одлучи изминатиот период да се проба во неколку професии.

Најпрво на социјалните мрежи сподели дека започнал да работи како пица-мајстор во еден скопски ресторан.По три месеци обука за пица-мајстор, почнал да работи во кујната.

Но, се чини дека ова не му е доволно на Панчо, па одлучи да продолжи да се надградува и да учи и нови занаети. Тој на својот фејсбук профил неодаман сподели како паси крава и планира да прави млечни производи.

– Не се срамам од ниту една работа бидејќи секоја моја работа е чесна. Да не се навраќам на она најтешко време во мојот живот кога денот го живуркав само со 100 денари.

Затоа работам нешто друго и додека нема работа за нас музичарите. На моето Водно и ако е од кал поради дождовите кравата ја изнесов на пасење чиста трева, изјави Панчо во едно неодамнешно интервју.

Музичарот Владимир Блажев попознат како Пначо од ДНК или ДЏ Шорти сподели емотивен статус на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Му рече: Не викај доктор, те молам, повеќе нема смисла. Се што сакам е да те фатам за рака и спокојно да заспијам. Ја фатил цврсто за рака и заедно се присетувале на убавите и сите останати моменти кои ги минале низ заедничкиот живот.

Истовремено се гледале во очи, плачеле и се смееле. Буквално за ништо не жалеле, биле благодарни и задоволни за се што прошле заедно.

Тивко му рекла: Ти си љубовта на мојот живот.

Те сакам засекогаш. И одтоворил исто и ја бакнал во чело исто како и секогаш што го правел пред спиење. После неколку минути ги затворила очите и заспала засекогаш……

Љубовта е најважната работа во животот.Кариерите, работата, банковните сметки се само материјални работи и сето тоа останува на овој свет.

Сакај те, бидејќи нема ништо поважно и повредно од сеќавањето кои ги оставаме зад нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.