Панчо и Андреј од ДНК со голем потег од срце за Билјана која цел ден работи за 200 денари

  • By klaster2
  • декември 21, 2021
  • 0
  • 485 Views

Билјана Блажевска од Скопје е мајка на две деца. Поради здравјето на двете деца ја ставила куќата под хипотека а денес живее без основни услови за живот.

Како што вели Билјана живеела убав живот, 40 години брак со Јосиф за кого вели дека бил одличен брак, но во еден период ќе и се случи голема пресвртница. Детето ослепува, го губи сопругот но и куќата.

– Имав нормален скромен живот во слога, сопругот работеше во една фирма но таа отиде во стечај и тој земаше само 4.000 денари примања.

– Јас сум самохрана мајка на две деца, кој се бо лни и неспособни за работа. За да ги спасиме ја ставивме куќата под хипотека и ја изгубивме.

– Не успеавме да вратиме пари и куќата ја изгубивме, со тие пари што ги имав ја изградив оваа соба каде што живееме сега. Го изгубив и сопругот а тоа беше дополнителен уд ар за мене.

– Сега сум приморана да работа на зелено пазарче за да ги прехранувам децата. Кога дојдов овде две години живеев без струја, само на свеќа, изјави пред некој ден Билјана за ,,Срце на Дланка”

– Да ви кажам и кучињата живеат подобро од мене. Јас не барам пари, барам само малку огрев и храна, бидејќи сме во лоша ситуација.

По оваа сторија која се објави ,,Срце на дланка” а ја пренесе нашиот медиум, веднаш реагираа познатото музичко дуо ,,ДНК” кој отидоа во посета и помош на оваа жена.

„По денешната објавена приказна на социјалните мрежи, исконтактиравме и ја посетивме госпоѓата Биљана Блажевска во нејзиниот трошен дом. Прекрасна и многу храбра жена со која судбината сакала да си поигра.

„Накратко сакаме да ви ги пренесеме нејзините зборови кои верувам дека нема да ве остават рамнодушни. На свои 69 години ( ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТ ) работи на пазар од 08-16ч за само 200ден.

„Нема дрва за огрев, враќа долгови на извршители и на луѓе од кои позајмувала, се ма чи со нејзините два сина од кои едниот е срцев бо лесник ( додека бевме ние таму спиеше ) и е работо неспособен, додека другиот има проблем со видот.

„Нема скоро никакви услови за живот и се греат само во просторијата каде што ја направивме фотографијата за да ви го доловиме нивниот дом.

И треба и шпорет бидејќи и е многу стар и најмногу храна како што кажа тетка Биљана. Ве замолуваме од срце сите оние кои можете да и помогнете на секаков начин.

A упатуваме апел до сите надлежни институции и до градоначалникот на Кисела Вода ,Орце Ѓорѓиевски да ја посети и да пробаат да изнајдат подолгорочно решение.

Ние дониравме парични средства во доменот на нашите можности но верувам дека секоја помош и те како им е добредојдена.

Да споделиме и помогнеме сите заедно бидејќи заедно сме посилни, а не заборавајте дека сите сме исти!! За секој вид било каква донација контактирајте ја директно тетка Биљана на овој број: 076 / 23 70 60, стои во објавата на Фејсбук на ,,ДНК”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.