Панчо и Андреј од ДНК после вчерашните поплави со голем потег за семејство на докторка од Скопје

  • By klaster3
  • август 31, 2022
  • 0
  • 346 Views

Според историските мерења и статистичките истражувања на интензивните врнежи со кусо траење, изработени во Управа за хидрометеоролошки работи, невремето коешто вчера го зафати Скопје може да се случи еднаш во две до пет години.

Добиени се над 1.000 повици за итни ситуации на единствениот телефонски број за итни ситуации 112 во Центарот за управување со кри зи.

Нашите познати музичари Панчо и Андреј од групата ДНК вчера како последица на големиот број на причинети ште ти за граѓаните се огласија на Фејсбук со понуда за помош.

Другари со оглед на големото невреме кое го зафати Скопје, во случај некоја фамилија да има потреба од било каква помош(физичка или финансиска) Ви стоиме на располагање. Со почит, Панчо и Андреј.

Денеска, групата ДНК повторно по којзнае кој пат ја покажа и докажа својата хуманост, па споделија за акција која ја преземаат за едно скопско семејство.

„По вчерашната наша објава, за жа л се јавија повеќе луѓе и фамилии кои биле засегнати од големото невреме кое го зафати Скопје.

Ја посетивме Др. Весна Балашевска во нејзината куќа во Чаир, во која живее со нејзиното 7 члено семејство од кои две се малолетни деца.

Весна е вработена како доктор по општа медицина во поликлиниката Чаир (не и дозволиле слободни денови за да може да се расчисти хао сот) и за среќа не се социјално загро зени, но ни кажа дека и повеќе од потребна им е човечка сила за да може да се исфрлат сите работи од подрумот кои се веќе уништени и неупотребливи.

Исто така, најбитно во моментот е да се најде електричар заради струјата која им е исклучена поради без бедност да не дојде до избув нување на пож ар, и нормало ако некоја фирма или физичко лице може да им донира пелети бидејќи нивната залиха за зимскиот период е пола уништена.

Дезинфекциски средства и средства за хигиена исто така ќе им бидат од голема помош. Упатуваме апел и до градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу да се вклучи во целиот процес, но и на Град Скопје Данела Арсовска и сите останати надлежни институции.

Бројот за контакт на Госпоѓа Весна е: 077 619 402 Ајде заеднички да помигнеме кога сме потребни, и да не заборавиме дека заедно секогаш сме посилни. Со почит,Панчо и Андреј“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.