Панчо ДНК: Господ напомош – на луѓетo едноставно преку глава им е од се што се случува

  • By admin
  • април 10, 2021
  • 0
  • 1267 Views

Како што е добро познато, поради скокот на нови случаи и хоспитализации и за жал на загубени животи, во Македонија беа донесени нови мерки пред неколку дена.

Па така полицискиот час започнува сега од 20 часот наместо претходно кога беше 22, а исто така се затворени и угостителските објекти.

Ова е прв викенд со новите мерки, а поради временските услови, голем број луѓе излегоа во паркови и природа.

Музичарот Владимир Блажев, попознат како Панчо од ДНК на својот профил на фејсбук објави:

Паркче си меле на најјако, а вие затварајте теретани и кафичи со тераси на отворено. Воопшто не ги окривувам луѓето, поготово не младите.

Ваљда не мислевте дека со полициски од 20ч и затварање на локалите луѓето ќе седат по дома на 20+ степени? Луѓето се веќе збес нати, изморени, осиромашени, деморализирани, разочарњни, осиромашени и психички попуштени.

И што е најсериозно се осеќаат оставени сами на себе и не веруваат на ниту една вест што е нормално по 100 лажни ветувања.

Едноставно преку глава им е од се што се случува. Ги жалам здравствените работници кои душата им ја извадивте, велам извадивте, бидејќи ниту една мерка не ви донесе плод, а сето тоа паѓа врз нивниот грб не врз вашиот каде бутата бифтеци во фотељите.

Тоа што било ок ( а не се десило тоа ) било чиста среќа и верувам ќе се сложите со мене дека мерки се превземаат за да не се рашири пандемија и да се спречи благовремено, а не откако ќе земе замав нел.Господ напомош, друго не гледам дека постои кога е во прашање државна заштита.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.