Омилената дестинација на Македонците за иселување со убавa вест: Платите во Германија допрва ќе растат

  • By admin
  • јануари 3, 2022
  • 0
  • 527 Views

Според последните најави, вработените во Германија може да очекуваат значително зголемување на платите во новата година, покажува корпоративната студија на водечкиот локален економски институт „Ифо“.

Компаниите од една страна бараат квалификуван кадар, а од друга нагло расте минималната плата, објаснуваат економистите.

Од анкетираните 630 раководители задолжени за персонал, 78 отсто очекуваат платите да се зголемат во просек за 4,7 отсто. Кратењето на платите е исклучително ретко меѓу одговорите.

„Најголем пораст на платите се очекува во услужниот сектор – во просек од 5,8 отсто“, се вели во студијата.

Едно објаснување за ова може да биде големото зголемување на минималната плата: од сегашните 9,60 евра на час, таа од 1-ва јануари стана 9,82 евра, а од 1-ви јули 2022-ра година ќе се зголеми за уште 6,4 отсто на 10,45 евра.

Коалицискиот договор на новата сојузна влада предвидува уште едно зголемување на минималната плата во 2022-ра година – до 12 евра на час.

Според студијата на менаџерите за човечки ресурси, од ова би имале корист во просек 20% од вработените во давателите на услуги, 10% од оние во трговијата и 7% од оние во индустријата.

Од друга страна, 80% од анкетираните менаџери за човечки ресурси бараат квалификувани работници. Речиси сите од нив ќе имаат проблеми во овој поглед:

„Се очекува потешкотиите во наоѓањето квалификувани работници да се влошат во споредба со минатата година“, напишаа економските истражувачи.

40% од компаниите планираат да го зголемат бројот на своите вработени, а само 12% да укинат работни места.

„Анкетираните менаџери на персонал веруваат дека зголемувањето на атрактивноста на стручната обука е најсоодветната мерка за борба против недостигот на квалификувани работници“, се заклучува во студијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.