Седумдесет годишната Олга од Сремска Митровица е родена на 29 февруари, што значи дека таа годинава не слави роденден.
Бидејќи тој датум во календарот се појавува на секои четири години, Олга, ако ги броиме родендените, сега има седумнаесет години.
Иако Олга Олеар има седумдесет години, таа го слави својот седумнаесетти роденден. Немаше да биде толку интересно доколку Олга не беше млада по ду х,
Нејзиниот живот бил доста интересен и како што вели и самата, уживала во секој ден, од детството па до третото доба.
– Поинтересно беше во мојата младост. Имаше собири, а сите се собравме, повеќе бевме среќни иако немаше толку пари – вели Олга Олеар.
Олга пеела и настапувала цел живот, што го прави и денес. Пеела руски романси, ромски традиционални песни, а омилена колешка од естрадата и била Оливера Катарина.
Оваа дама се испробала и на модната писта. Таа учествувала на изборот за убавица на многу манифестација, каде што често земала прва награда.
– Животот ми пружи многу убави моменти, поради кариерата посетив многу места, држави, знаменитости, градови и тоа е најголемиот благодет.
– Парите се пролазни во животот, но тоа што ќе го видиш е непроценливо богатство и останува засекогаш во тебе, вели таа за ,,Курир телевизија”
Во игра на среќа, односно ,, лото” погодила дури шест броеви. Сите пари ги потрошила за 10 дена, отишла во Париз и била во луксузен хотел и луксузни удобности.
Па како што вели морало да и праќаат пари за да се врати од Париз, бидејќи потрошила се. Но сето тоа таа на шега го раскажува и вели не се колеба за ниту еден момент.