Живееме во ера каде што платежните картички се на прво место и заземаат се повеќе место на сцената на плаќање, купување и слично.
Италијанската влада се одлучи да воведе нови мерки во својата држава, а од Нова година па натаму нема да биде иста една работа.
Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања па така сега наместо 2.000, готовинско плаќање ќе може да се изврши најмногу до 1.000 евра.
Од 1 јануари повеќе нема да може да се плаќа во готово сума поголема од 1.000 евра во таа земја. Одлука кој ќе влијае различно кај многумина.
Сите суми поголеми од 1.000 евра ќе треба да се платат со банкомат, кредитна картичка, чекови или преку сметка и слично.
Кој ќе ја прекрши оваа одлука ќе биде казнет со најмалку 2.000 евра, а казната може да достигне и до 50.000 евра, во зависност од прекршокот.
Оваа мерка треба да придонесе за сузбивање на сивата економија и даночното затајување, со кое земјата би тргнала во подобри води.
Намалувањето на износот што треба да се плати во готово беше критикувано од либералните политичари, заштитниците на потрошувачите и податоците.
Владата на премиерот Марио Драги сака да ги поттикне електронските платежни системи во бор бата против сивата економија, даночното затајување и перењето пари.
Мислењата кај населението на оваа одлука се поделени, секако ова нема да им одговара на луѓето со подлабок џеб и кој работат со многу пари.