Денес Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
Во ова невреме и страв од вирусот Ковид 19, кој демне и не ги штеди ни децата, сепак лекарите од одделението за интензивна нега имаат посебна причина да слават.
Една мала принцеза, со помош на врвната нега и стручност на лекарите и медицинските сестри, по три недели, денес успеа да се избори и да дише сама!
Докторката Аспазија Софијанова која е директорка во коментар на овој пост видно задоволна порача:
-Огромен успех за целиот тим на интензива