Наместо да се олабават односите меѓу Македонија и Бугарија на самитот на ЕУ и Западен Балкан, тие изгледа доживеаја ново влош ување.
Откако бугарскиот претседател Румен Радев во една долга изјава дополнително го заостри тонот и побара Скопје да раскине „македонизмот“ и да ја признае историската вистина онака како што тоа го направило со Грција, македонскиот премиер одговори можеби на уште поос тар начин:
„Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани“, изјави Зоран Заев во Брдо кај Крањ.
„Мојот народ мене ми даде мандат да создавам решенија, но не ми дал мандат да оправдувам политики од минатиот век. Досега не постои земја членка на ЕУ која има какви било забелешки за нашите реформи“, рече забележливо констернираниот Заев.
„Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања. Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори“, истакна Заев.
Бугарскиот претседател Румен Радев испорача долга листа услови кои задираат во историјата.
Освен впишување на Бугарите во македонскиот устав, прифаќањето на историската вистина со Бугарија, запирање на говорот на омраза, Софија денеска на списокот го додаде и пописот.
Таа ги чека бројките од попишани Бугари во Македонија, реферирајќи на 120.000 бугарски пасоши издадени на македонски граѓани.
„Бугарите заслужуваат да имаат свое место кое ќе биде јасно пишано, потребен ни е и резултатот од пописот кој заврши во С.Македонија, потребно ни е признавање на историската вистина и ако сето ова е исполнето ќе ни треба гаранција од ЕУ дека ќе го вклучат патоказот во процесот на преговарање. Многу е едноставно“, изјави Радев.
Радев не застана на тоа, тој побара и ЕУ да го гарантира спроведување на протоколот и тоа во процесот на преговорите на земјава, конкретно во поглавјето 35.
-Во нашите регистри се впишани повеќе од 120.000 бугарски граѓани од Република Северна Македонија базирано на нивните изјави и објективниот документ за потекло и уште 10.000 чекаат за својот пасош, рече Радев.