Без сомнение, Атиџе Муратова, главниот лик од „Медена земја“ е жената која што ја одбележа минатат годината и ја прослави Македонија ширум светот. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд.
Главниот лик од документарецот „Медена земја“, Атиџе Муратова се уште предизвикува интерес во јавноста, главно поради нејзината скромност и непосреднос.
Од апсолутно непознат лик, Атиџе Муратова стана планетарно славна преку улогата наглавниот лик од „Медена земја“. Скромна, едноставна, стигна дури и до Холивуд, а по низата ангажмани и обврски, потоа повторно се сврте на секојдневниот живот во селото Бекирлија.
Документарниот филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, преку несекојдневната животна приказна на Атиџе ја пренесува пораката на жената која живее во симбиоза со природата.
Како што раскажа Атиџе во една прилика, екипата од „Медена земја“ пред повеќе од три години, ја пронашла во селото Бекирлија, во кое има само неколку жители. Атиџе тогаш живеела со нејзината мајка и уште едно семејство, кои биле нивни соседи.
Познатата македонска поп-пејачка, писателка и телевизиска водителка Сузана Турунџиева важи за голема пријателка на Атиџе Муратовска, главниот лик од Медена земја.
Тие две често се дружат, а Атиџе се почесто и е гостинка во главниот град Скопје, како што беше случај и овојпат.
Сузана Турунџиева денес на својот профил на фејсбук сподели уште еден момент со Атиџе за кој што таа напиша:
Атиџе ја доби првата сликовница, посветена на нејзиното височество ПЧЕЛАТА!
Бескрајно благодарни на авторката Ирина Момироска која со оваа мини енциклопедија ги едуцира децата и не потсетува на тоа колку е важна пчелата.