Корона вирусот и понатаму секој ден носи нови животи како во светот, така и во Македонија. А денес пристигна уште една таква вест.
Имено денеска не напушти Марјан Додовски, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 до 2002 година.
Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје.
Екс премиерот на Македонија и поранешен лидер на ВМРО ДПМНЕ пред неколку моменти се огласи повторно преку својот профил на фејсбук.
Овојпат причините за огласувањето на Груевски од Будимпешта беа не убави, а причината е последниот поздрав до двајца свои познаници за кои велил:
Заминаа двајца пријатели. Со жалење ја примив веста за прераното и ненадејно заминување на мојот поранешен колега Марјан Додовски со кого во владата предводена од Љупчо Георгиевски работевме заедно мноштво проекти.
А најзапамтен остана проектот за спас на дојранското езеро каде Марјан ја имаше главната улога.
Подоцна беше и мој соработник како директор на Еврокомпозити-Прилеп и беше неуморен бо рец, интелектуалец, пријатен соговорник и патриот. Сочуство до семејството и најблиските. Бог да го прости. Нека почи ва во мир.
Деновиве имаше уште една тажна вест за тоа дека поч инал и Никола Вељановски, познат како Коле Бикчето, еден од најмаркантните активисти на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, голем патриот и неуморен во сите партиски активности од основањето на партија и секогаш подготвен да биде на браникот на татковината.
Никола беше харизматичен и несекојдневен човек чие присуство некаде неможеше а да не биде забележано. Сочуство до семејството и најблиските. Бог да го прости. Нека поч ива во мир.