Никола Груевски: Наместо луѓето да ги прават будали, отворено и без трикови нека кажат што и зошто прават

  • By klaster3
  • октомври 27, 2022
  • 0
  • 841 Views

Вчеравечер, во Владата во присуство на врвот на Европската комисија беше потпишан Договорот за статус со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, Фронтекс во кој покрај 24 јазици на ЕУ е потпишан и на македонски јазик без какви било додавки. По тој повод се огласи и екс-премиерот Никола Груевски.

Ова со потпишувањето на договорот со Фронтекс на “најчест” македонски јазик, разбирам дека е некаква кампања за некоја следна одстапка на национален план, со која треба да ни се набилда егото дека поразите и капитулациите на национален план всушност се победи, но незнам дали навистина народот толку затупел или овие од власта така го третираат и доживуваат?

Сите меѓудржавни договори и договори со меѓународни институтиции, и порано и сега, и во иднина се потпишуваат и ќе се потпишуваат на македонски јазик, со кирилично писмо, кој нема чиста или нечиста верзија, нема две или повеќе верзии, ниту се потпишува на дијалекти и најчесто покрај на македонски јазик се потпишува уште и на англиски и/или некој друг јазик, зависно со кого потпишуваме.

На ист начин функционираат сите држави. Никој досега не побарал од Македонија да не биде така. Тоа не е предмет на сп ор или дебата со никого. Тоа не е тема во ниту еден сп ор.

Отворениот с пор од надвор е за тоа како се викал тој јазик(плус нација/националност и историја) до 2. Август 1944 година, а не како се вика потоа и денес.

Како се викале јазикот, историјата и нацијата до август 1944 година. Дали сите предци на оние кои денес се произнесуваме Македонци, реално се чуствувале бугари по националност, говореле бугарски јазик а нашата историја до тој момент дали е бугарска.

Никој, апсолутно никој, досега не побарал од Македонија да не го користи македонскиот јазик во усна или писмена комуникација со неговото кирилично писмо во земјата или надвор, како и во меѓународните договори или да го замени со чешки, грчки или дански или пак бугарски или српски.

Од секогаш во политиката насекаде имало т.н. спинови и пропагандни кампањи и флоскули, ама никогаш немало толку евтини и приземни.

На прва би рекол дека ја потценуваат интелегенцијата на цел еден народ, но кога подобро ќе се размисли всушност тоа е само ниско ниво на интелегенција на власта и оние кои им ги осмислуваат, подржуваат и учествуваат во овие кампањи.

По оваа логика, власта може да направи нова кампања, а потоа да прослави голем успех и јавно на плоштадот Македонија да отвори можеби и славенички шампањ, дека на пример владата испратила телеграма со честитки за католички Божиќ до папата, или до некој претседател или премиер на чист, најчист, нај нај чист, оригинален, ортодоксен и 100% македонски јазик.

И плус литературен! Или каков друг збор нема да им падне на памет…И? Ние сите демек треба да “паднеме во не свест” и да го отцениме тоа како некоја голема победа за Македонија и да честитаме на владата?

Неверојатно е со какви глупости го занимаваат или само мислат дека го занимаваат.После поминат долг период во политиката одговорно им тврдам дека помала фруст рација и бе с ќе создадат,

иако и таа сеуште ќе биде мошне голема, ако отворено, искрено и без интр иги и вакви трикови кажат што и зошто прават, колку и тоа да не е исправно, наместо луѓето да ги прават “будали” кои не само што ќе треба веруваат во тоа, туку и да прослават триумф!

Народот, граѓаните, луѓето во Македонија, дури и кога длабоко не се согласуваат со нешто, ја ценат искреноста, која сама по себе преставува искажување на минимално ниво на почит кон другиот.

И спротивно, бе сот и гне вот се удвојува кога покрај се, уште и се мама т со трикови кои тешко поминуваат и кај деца од 10-12 годишна возраст.Всушност тоа е универзално правило.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.