Никола, Влатко, Горан, Ѓорги и уште петмина момчиња за 4 часа нахранија 700 лица бесплатно

  • By admin
  • декември 13, 2021
  • 0
  • 452 Views

Е ова е хуманоста на делот – Денес девет професионални готвачи од неколку градови во Македонија на дело ја покажаа својата хуманост- за 4 часа поготвија оброци кои ќе нахранат 700 гладни усти.

Во ова пандемиско време, кога многума останаа без работа и кога се’ потешко се врзува крај со крај, а цели семејства немаат можност да ги задоволат основите егзистенцијални потреби, кај мене се роди идеата да ги поттинам моите колеги,да направиме едно добро дело. Тешко беше да се организираме, но кога се сака, се’ се може-вели стружанецот Никола Петрески.

„Малку напорно, но со воља за луѓето кои се гладни и на кои им треба навистина топол оброк, така да се собравме сите кувари“, вели Никола Петрески-готвач.

„Се се случи на брзина,но за нас куварите беше возбудливо да помогнеме на ран ливи категории“, рече Горан Филипов-готвач од Кавадарци.

Ова само покажува дека во Македонија сеуште има хумани луѓе, подготвени да подадат рака на оние на кои помошта им е најпотребна. Наша цел, велат готвачите е оваа мисија да се прошири низ сите градови во Македонија и да стане традиција.

„Знаеме сите,со ова што се случи со короната порасна бројот на социјално заг розени лица.Одвоивме навистина време ама искрено,во секое време кој ќе се обрати кај нас како здружение ние ќе го прифатиме и ќе гледаме што повеќе да помогнеме на вакви хуманитарни случувања“, рече Влатко Ѓоргиески, Здружение на готвачи “Шеф”- Охрид.

Волонтерите на Црвен крст подеднакво ќе ги поделат оброците на социјално загр озените семејства во Охрид и Струга. Од хуманитарната ораганизација, не знаат колку точно има вакви семејства, но велат бројка постојани се зголемува.

„Кај нас има многу граѓани кои се наши корисници,кои доаѓаат редовно кај нас.Нормално дека во период на пандемија тоа беше зголемено како потреба и како бројка.Нашите корисници за жал растеа овој период“, вели Атхуриме Даути-Црвен крст Струга.

Потребните намирници беа обезбедени со помош на општината Струга и приватни компании.

„Се одлучивме да донираме затоа што имаме доста загрозени семејства кои не можат да си дозволат топол оброк. Па затоа сакаме да помогнеме на секој еден од нив во границите на можностите. 25 килограми риба дониравме.

Тоа се некаде околу 50-60 порции. Секој заслужува да има еден топол оброк во денот и секој да биде најаден“, вели Ѓорѓи Богоески од струшката рибарница Биг Фиш.

Оброците кои ги поготвија вредине кувари од Охрид, Струга, Кавадарци и Валандово ќе бидат вистинска гозба за ранл ивите категотии кои барем за миг ќе заборават на гладта и сиромаштијата. На трпезата барем денска ќе имаат риба, ориз, кромпир пире, плескавици и што уште не.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.