Неочекувана и неповолна вест ги дочека Македонците при влез и излез од Швајцарија

  • By admin
  • август 1, 2022
  • 0
  • 522 Views

Македонија периодов е полна со наши иселеници кои најмногу се од западно европските држави. Ги користат годишните одмори за да си дојдат и да ги видат своите блиски во родната држава.

За тоа сведочат и гужвите на граничните премини во Македонија, но и раздвиженоста во градовите и локалите кои што се полни.

Како што е познато, голем број Македонци живеат и работат и во Швајцарија каде што нашата дијаспора и тоа како е голема.

Македонија до крајот на август не предвидува да воведе нови мерки протви вирусот при влез и излез од земјата. Нашата земја е во жолта зона.

Сега во време на празниците, како што доаѓаат и си заминуваат иселениците, почнуваат да се чувствуваат неформалните пречки за влез и излез во Швајцарија. На скопскиот аеродром има остапки од препораките.

Голем број граѓани кои чекаат лет за да се вратат во земјите од каде дошле, ги натера да не ја почитуваат оддалеченоста во овој нов бран на пан демијата.

Граѓаните кои патуваат во Швајцарија со авион треба да направат ПЦР тест на аеродромите во Швајцарија.

Ова го потврдуваат и од МНР, повикувајќи се на попл аките од наши граѓани кои се жалат бидејќи официјалниот протокол не предвидува никакви услови.

„Иако според последните информации од Протоколот на Министерството за надворешни работи на Швајцарската Конфедерација, нема посебни услови за влез во земјата, нашата амбасада секојдневно се соочува со по плаки од наши граѓани.

Кои се запрени на швајцарските аеродроми од страна на авио компаниите при проверка на авионски билет, со барање за негативен тест за излез од него, но и за влез во Швајцарија од страна на швајцарските гранични служби“, велат од Министерство за надворешни работи за Алсат М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.