Нема шега: По Мијалков утрово приведена уште една „голема глава“ која планирала да бега

  • By admin
  • март 14, 2021
  • 0
  • 2080 Views

Откако пред ивесен период беше приведен и ставен зад решетки екс првиот човек на УБК, Сашко Мијалков, утрово пристигна вест за уште една акција на надлежните органи

По информации од Агенцијата за национална безбедност, АНБ, дека Орце Камчев сака да бега од земјава, тој утринава бил приведен во ПС Карпош.

Обвинителката Вилма Рускоска за Сител ја потврди информацијата и рече дека за тоа ги информирала АНБ по што Обвинителството ќе побара притвор за Камчев за случајот “плацеви на Водно”.

Во моментов, Камчев е на распит пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд.

Обвинителката Рускоска вели дека наскоро ќе пристигне и обвинителката Лиле Стефановска која го води предметот.

Камчев е осомничен во истрагата „Империја“ која ја отвори поранешното СЈО. Во центарот на овој предмет се Камчев и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор откако му беше изречена неправосилната пресуда затворска казна во траење од 12 години во предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.