Нема веќе ќе се земеме за документи – Швајцарија започна да одзема пасоши

  • By admin
  • февруари 25, 2022
  • 0
  • 503 Views

Како што е добро познато Швајцарија од секогаш важелеа за една од најомилените држави за иселување на Македонците поради што бројот на наши граѓани кои живеат и работат таму е голем.

Многупати сме биле сведоци или сме слушнале дека како мажи, така и жени се одлучуваат на склучување фиктивни бракови, а се со цел да обезбедат документи за престој и работа.

Некои луѓе во Швајцарија може да бидат оставени “без никакво државјанство”, во ситуација кога властите ќе ги повлечат швајцарските пасоши под сомнение дека станува збор за “лажни бракови“, објавува швајцарскиот весник „Тагес Анзеигер“.

Според швајцарските правила, странски државјанин кој добил швајцарско државјанство преку брак со граѓанин од Швајцарија може да се соочи со одземање на натурализираното државјанство, до осум години по бракот, доколку властите се сомневаат дека бракот е фарса, пишува весникот.

Цитирајќи податоци од Швајцарската Канцеларија за миграција (СЕМ), весникот тврди дека секоја година на околу 50 до 60 натурализирани Швајцарци им се одзема државјанството.

Бројот на таквите случаи се зголемува од почетокот на 21 век, со само осум во 2000 година, според податоците на СЕМ. А во некои случаи, тоа може да го остави лицето без државјанство, пишува весникот.

Весникот го наведува примерот на еден човек по потекло од Ангола, кој живеел во Швајцарија 20 години.

По неговиот брак со Швајцарка, преку која тој се здобил со швајцарско државјанство, бракот завршил со развод во 2008 година, па така од “СЕМ“ му било одземено државјанството. Но тој повеќе немал пасош од Ангола, па така тој останал без никакво државјанство.

Во изјавата за весникот, од СЕМ потврдија дека нејзината политика може да резултира со тоа што луѓето би останале без ниту едно државјанство, доколку, на пример, земјата на потекло на лицето не признава двојно државјанство и бара тоа лице да се откаже од неговата оригинална националност, за да стане државјанин на Швајцарија.

Во моментов, “СЕМ“ нема податоци за бројот на луѓето зафатени на овој начин.

Во Швајцарија, странскиот брачен другар на швајцарскиот државјанин може да аплицира за поедноставена натурализација, односно полесен процес од обичната натурализација.

Ако ги исполнуваат одредените услови, на пример, ако тие живееле во Швајцарија пет години, или живееле со својот швајцарски партнер три години, пренесува Емигрико.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.