Зимата штотуку започна, но таа го покажа своето вистинско лице во поголемиот дел од регионот. Најмногу проблеми со обилните снежни наноси имаат жителите на планинските села.
Една интересна ситуација доаѓа од соседна Србија поточно селото Блато, во кое жителите се изолирани од остатокот на земјата.
Снегот ги завеало и неможат да се движат, немаат никакви услови, а како што велат единствен начин да се движат е само со коњи.
Околи десеттина семејства се соочуваат со овие су рови услови. Без можност да функционираат нормално и да стигнат до саканите локации.
Велат дека имаат струја и вода и дека состојбата на тој простор е добра, но непроодните патишта секојдневно им го отежнуваат функционирањето. Како што велат, само на коњ можат да се пробијат низ снежните наноси.
„Општината праќа машини, но луѓето се проблем, овие луѓе претходните години кога паѓаше снег чистеа само еден дел, но не цело село.
„Лесно се откажуваат и нема да одат таму каде што мислат дека не можат, а ние сме на околу 1100 метри надморска височина.
„Не е нормално да нè третираат така, не заслужуваме, неможеме да функционираме нормално како сите други, рече Небојша Брадиќ за ,,РТС рс,,
,, Завеани до гуша во снег, отежнат ни е и онака тешкиот живот, но мора да се снаоѓаме земаме магариња или коњи и одиме колку можеме.
,, Но сепак и тие чуствуваат студ, не е тоа конечно решение, како да живееме во праисторијата, не сме ни само ние во ваква состојба.