На лото доби 10 милиони евра, за десет години ги изгуби сите и работи како ѓубрар

  • By klaster2
  • ноември 5, 2022
  • 0
  • 365 Views

Добивањето на лотарија може да изгледа како остварување на сонот, но за некои луѓе, големата добивка им го променува животот на полошо. Едноставно не успеваат да се снајдат со парите кои „паѓаат од небо“.

Животот на ѓубрарот Мајки Керол засекогаш се променил кога освоил речиси 10 милиони фунти на Националната лотарија кога имал само 19 години.

Тој вели дека лотаријата била најдобрата фунта што некогаш ја потрошил, но за десет години откако го освоил џекпотот го потрошил сето тоа и бил изнемоштен, бездомник и речиси на другиот свет.

Во рок од три години од неговата голема добивак, на Мајки му останале „само“ 1 милион фунти на неговата банкарска сметка. Наречен „Крал на ноќниот живот”, Мајки ги трошеше своите добивки на хедонистички начин на живот, пробувајќи буквално се.

Во еден момент признава дека зави сноста од лошите работи го довела до тој степен да ги изгуби сите три куќи, а секое утро кога станувал од кревет пиел по пола шише вотка

Неговото бунтливо однесување го довело на суд повеќе од 30 пати, а често се појавувал во брзи автомобили и со лименка пи во.

Се пофалил дека спиел со над 4.000 жени, но покажал и љубезност давајќи четири милиони фунти на своето семејство и неговата тогашна девојка и мајка на неговото дете.

Остатокот од неговото богатство од 5,7 милиони фунти го потрошил на екстравагантен начин на живот, вклучително и раскошни одмори во Шпанија со пријателите, пренесува Дејли Меил.

Мајки сакал да носи блескав златен накит, а станал познат и по тоа што од своите автомобили фрлал хамбургери и пилешки крокети на минувачите, вклучувајќи и комбе Мерцедес со натпис „Кралот на дизелот“.

Пороците биле негово секојдневна рутина. Неговиот екстравагантен начин на живот набрзо стави крај на неговиот краток брак со Сандра, која била во седмиот месец од бременоста.

Луксузниот имот набрзо пропаднал, а неговите врски со подземјето го ставиле во безислезна ситуација и го донеле на дното.

Три години по освојувањето на џекпотот, тој дошол до последните 1 милион фунти, а „пријателите“ и познаниците почнале да се оддалечуваат.

Не пријателите, исто така му се доближувале од ден на ден. Добивал разни за кани по него и неговот семејство а за зашитита давал огромни пари.

До 2013 година, Мајки веќе бил слаб, бездомник и без работа. Тој се преселил од Норфолк во Мореј, Шкотска и живеел во запуштен евтин хотел. Тој исто така бил бездомник три месеци, додека не нашол работа во фабрика за бисквити.

Кога се затворила таа фабрика, тој нашол работа од 10 фунти на час како рудар за јаглен, работејќи седум дена во неделата. А потоа ја сменил работата и станал ѓубрар каде што е и моментално.

Мајки вели дека не се кае што го расфрлал своето богатство и признава дека веројатно би бил на другиот свет до сега доколку парите не исчезнале.

„Јас сум добитник на лотарија. Ова се најдобрите десет години од животот што можев да ги имам за една фунта, вели Мајки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.