Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.
Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.
Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.
На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.
Тој со сопруга Лилјана ги имаат трите деца, за кои вели дека се неговото најголемо богатство. Неговата ќерка Македонка која е психолог, ќерката Викторија – архитект, а синот Александар, се’ уште студент.
Утрово Бараков се огласи на својот профил на фејсбук каде упати една силна порака во која што вели:
– За сите оние што се потрудија да ми го згнасаат векот, мон струмите од македонското судство. Јас им простувам, ама господ не им простува.