Наш иселеник од Америка со огромен потег за баба Самаетка од Кичево која за малку ќе заврше на улица

  • By admin
  • декември 25, 2021
  • 0
  • 595 Views

Многумина веќе се запознаене со случајот на баба Самаетка Рушити која е на 70 годишна возраст. Таа до сега живеела со ќерка и која не е мажена

Вели дека таа веќе не ја сака дома. Сето тоа поради тен зиите настанати меѓу мајката и ќерката. Ќерката бара да живее сама откако си ја препишала куќата на нејзино име, пренесува ТВ 21

„Откако ја доби куќата на нејзино име, почнаа про блемите. Шест месеци бев на улица, одев седев кај ќерките, по куќи кај што ќе најдев. Судот донесе одлука да се вратам дома и се вратив, но повторно по старо со ќерката. Кога врне дожд јас седам надвор, не ми дава да влезам дома“, вели бабата Саметка за ТВ21 и додава:

Откако случајот стигна до судот во Кичево, оваа мајка неколку месеци беше на улица, додека судот не донесе одлука оваа старица повторно да се врати дома. Но пр облемите не завршија.

Социјалниот центар согледувајќи дека нивното заедничко живеење претставува опа сност, и понудил да се смести во дом за стари лица, додека се решат проблемите, за да не остане на улица.

Но сето тоа продолжуваат меѓу мајката и ќерката и наспроти одлуката од судот мајката да се врати во куќата и да живеат заедно.

Случајот неколку пати бил пријавен во полиција, некогаш од ќерката некогаш од мајката. Ќерката преку жалба бара мајка и да си замине од куќата во рок од два месеца.

По сторијата на ТВ21 за 70-годишната тетка Саметка од Кичево , жена која за малку ќе заврше на улица, хуманите луѓе од градот , преку Организацијата „Класје на добрината“ ѝ обезбедија стан под кирија за две години сѐ додека не биде изнајдено долгорочно решение со изградба на социјалните станови.

Веднаш откако ја слушнал веста за оваа мајка, Ислам Каса од селото Србица стапи во контакт со Хуманитарната организација и испрати средства за плаќање на киријата, а организацијата пак, ќе продолжи да ѝ помага со прехранбени производи.

-Еве го договорот кој го склучивме за станот. Овој стан е обезбеден преку едно момче од селото Србица кое живее во Америка, Ислам Каса.

Кога дознал за случајот веднаш се јави во нашата организација и склучивме договор со сопственикот на станот. Киријата е платена сѐ додека не ѝ биде обезбеден социјален стан.-вели Мухамед Мехмеди.

Веќе нема солзи на лицето на Самаетка, која изрази благодарност до сите кои ѝ помогнале.

„Многу ви благодарам. Господ нека му го чува семејството на оној кој ми помогна. Господ нека го чува него, децата, семејството. Ви благодарам и вам-рече Самаетка Рушити.

Инаку, пред еден месец ТВ21 ја емитуваше сторијата за оваа 70-годишна жена која ризик уваше да остане на улица поради проблеми со нејзината ќерка, со која, како што објаснува, соживотот бил невозможен.

Хуманитарната „Класје на добрината“ веднаш ја извести нашата редакција и најдоа решение за Самаетка, а добротворната организација деновиве со огревно дрво израдува многу социјални семејства.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ21

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.