Како што е познато кон крајот на старата и почетокот на Новата година многу луѓе се решаваат да ги сумираат впечатоците и да прослават во добро друштво и опуштена атмосфера, секако со музика.
Но изминатата година, две тоа се промени поради вирусот, а многумина помислија дека оваа Нова година ќе може да ја дочекаме малку понормално, но се чини нема да оди лесно.
Една од причините е новиот сој поради кој многу држави воведоа нови мерки и ограничувања како претпазливост од нов бран.
Ова секако носи и промена при прославата за дочеката на Новата година. А традиционално овој период беше добар и за музичарите и пејачите.
Секако поради настапите кои што ги имаа и заработката до која што доаѓаа. Секако на македонските пејачи едни од поомилените настапи се оние во дијаспората.
Па така и за оваа Нова година, веќее од претходно, месец дена но и повеќе беа закажани. Голем дел од нашите пејачи, пред се фолкери имаат закажано да настапуваат во дијаспората.
Пред се тука мислиме за Германија, Шведска, Швајцарија, Италија, Австрија каде што живеат и работат поголем број на наши граѓани.
Кога ќе се спомне името и презимето на Сашко Нојкиќ на многумина ќе и биде непознато, но кога ќе се каже Цаки Кисми е тогаш сите го препознаваат.
Без сомнение Цаки Кисми важи за еден од најпознатите фолк пејачи во земјава и пошироко кој знае да направи забава по сечиј мерак.
Тој е еден од најпопуларните фолк музичари во Македонија, а со право го носи и прекрарот кралот на кафеаните.
Сашо Нојкиќ или во јавноста познат како Цаки Кисми со години е присутен на македонската музичка сцена и зад себе има богата кариера, а и многу хитови.
Секоја песна на групата Кисми уште со првото пуштање во јавност станува хит.
Кисми навистина имаат добро чувство кога станува збор за одбирање хит и секогаш им успева.Освен во Македонија, редовно настапуваат во дијаспората.
На секоја нивен настап има неверојатно добра атмосфера, а публиката е полна со позитивни импресии.
Цаки за дочекот на Нова година, но и следната вечер требаше да настапи во Швајцарија, но до тоа нема да дојде за што објави и самиот.
Но за Цаки нема зима, па така тој има еден навистина збиена агенда за настапи, а за тоа доказ е денешниот ден. Тој има три настапи денес од утро, до рани зори.
Денеска три смени. Свадба Сајгија Гостивар. Вечер Мал Алтан. После 12 Клуб Мистик. Ум pи машки хехехе. Кис.