Наце од скопско својот 100- ти роденден го прослави во кафеана со зурли и тапани

  • By klaster2
  • февруари 13, 2022
  • 0
  • 586 Views

Наце Петрушевски на од село Бучинци(Скопско) на 12 јануари го прослави својот јубилеен 100-ти роденден. А вели дека во документите е направен грешка.

И дека му одзеле едно лето, па така тој вели дека е 101 година. Сепак како и да е Петрушевски е роден во Кралството Југославија, а живеел и во бугарско време и најубавото како шти вели СФР Југославија.

– Сум работел земјоделие, сум орел, копал, жнеел, државно ништо не сум работел, најмногу садевме, памук, сончоглед и афион.

– Тоа беше напорна работа, тежок живот, сега е животот е добар, инаку јубилејот го прославив во кафеана, со зурли и тапани и играв на тапанот.

– Се уште сум активен сам јадам, цепам дрва, пинувам и ра кија и не застанувам, само проблем имам со слухот, вели дедо Наце пред камерите на ,,Зевзекманија”

Интересен е начинот на кој дедо Наце се запознал со неговата жена. Тој за Василица се маскирал во жена и отишол во домот на девојката.

– Бев кај неа за Василица, па таа ме бендисала и потоа пратила стројници кај мене, но за жал таа веќе 20 години не е помеѓу нас.

Од тој брак тој ги има синот Љубиша и трите ќерки кој ќе каже за татка си: Само еднаш беше на доктор и тоа поради бо лки во стомакот и му рекоа да не јаде луто.

– Јас сум овде веќе 45 години, за разлика од свекорот мене Љубиша ме бендиса, со свекрвата живеев подобро отколку со мајка ми, вели снаата Миленка.

– Свекорот е многу мирен, што и да му ставиш на маса ќе јаде, не е пребирлив и така е од секогаш. Со золвите живеам како со сестри ние секој ден мора да се слушнеме барем еднаш, додава таа.

Иако Љубиша зема пензија од 12.000 денари а дедо Наце земјоделска пензија додека снаата цел живот е домаќинка, ова семејство живее среќно и спокојно и без напнатост.

– Му приредивме забава се собравме околу 40 луѓе и му го прославивме јубилејот, тој има 9 внуци и 16 правнуци и еден чукунвнук.

Инаку лозата на ова семејство е со долг животен век, па така братот на дедо Наце има 94 години, па не е ни чу до и тој да дојде до оваа возраст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.