Наум Петрески: Во ова црнило од држава се испомешаа баби и жаби

  • By admin
  • декември 11, 2021
  • 0
  • 613 Views

За Наум Петрески не е потребно да се трошат премногу зборови. Настапувал на речиси сите фестивали во Македонија и на голем број во странство, а одржал и многу концерти ширум светот, особено онаму каде што живеат Македонци, во Австралија и Америка.

Кога ќе се спомене името на фолк пејачот Наум Петрески, веднаш буди спомени и емоции кај многумина, особено кај неговите обожаватели и фанови.

Испеал многу антологиски македонски песни, меѓу кои „Филизо, моме Филизо“, „Ајде сонце зајде“, „Зајди, зајди јасно сонце“ и други. Едни од неговите најголеми хитови се: „Жал за Деспина“, „Има ли песна“, „Лазарополе“ и други.

На прашањето дали се доживува како ѕвезда – во едно неодамнешно интервју одмавна со рака и рече дека во Македонија не може да се биде ѕвезда, особено не сега кога фолкот е на маргините.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно. Сепак, фестивалите како рече, веќе ги остава за помладите.

Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, како претставник од македонија на деветтата меѓународна смотра на фолклорни друштва во Загреб.

Од 1990 г. почнал професионално да се занимава со музика и до ден денес остварил многу успеси на музичко поле и секогаш останал доследен на корените на македонската фолклорна музика.

З жал, во ова црнило од држава се испомешаа баби и жаби, или дното стана врв, нема многу вистински вредности и ретки се тие кои ги препознаваат вистинските вредности. Поради таквите доброчинители, јас не се откажувам од својот пат – вели музичарот во изјава за Фокус.мк

Кога се музичките планови во прашање, планирал претстојната година да направи јубилеен концерт по повод 35 години на сцената.

-Ако има простор и можност, зависи како ќе се движи ситуацијата со пандемијата, би ја заокружил кариерата и 35-годишнината и со некој концерт во 2022 година.

Им го должам тоа на луѓето кои се уште држат до нашата музика, иако нивната бројка се повеќе се намалува – раскажа Петрески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.