Нада Естатиевска од кратовско Приковци е жена во седмата деценија од животот која со големи тешкотии се справува со животот.
Видела буквално се, се насочила кон традиционалното семејство. Но денес е немоќна да продолжи понатаму, осамена и таж на поради бо леста на нејзиниот сопруг кој веќе 15 години е во постела.
Како што вели таа е и маж и жена во куќата, целиот товар паѓа врз нејзин грб. Никогаш во животот не влегла во нормален и пристоен тоалет.
Пере алишта на рака, нема правосмукалка, а понекогаш нема ниту за јадење, но не се предава, мора како што вели да живее за сопругот кој без неа не би издржал.
Нада и сопругот Глигор имаат две деца, на почетокот живеела кај свекорот и свекрвата многу скромно и во голема сиромаштија, а потоа биле приморани да ја напуштат таа куќа за да има место за деверите.
– Кога дојдовме овде, куќата беше во многу ло ша ситуација, имаше многу влага. Но немавме друг избор, сопругот цело време беше на пат.
– Тој беше возач на камион, долго време не си доаѓаше. Ситуацијата особено стана тешка пред 15 години кога тој легна во постела.
– Особено последните девет месеци ми е многу тешко. Сопругот доживеа нов уд ар, до тогаш барем ќе се насмевнеше ќе кажеше нешто, но сега ниту зборува ниту слуша. Јас немам ништо видено од животот, вели баба Нада пред камерите на ,,Срце на дланка”
– При човек сум без човек, многу ми е тешко, нема со кого два реда муабет да направиш. Секое утро прво го проверувам дали дише. Се работам рачно, немам никаков уред.
– Немам бања, ниту тоалет, едноставно немам основни услови за живот, не знам како да продолжам но морам поради сопругот.
– Ме имаат навјасано и бо лестите, имам неколку зафати на неколку делови од телото, но ваквиот начин на живот си го направи своето.
Доколку сакате да и помогнете на тетка Нада да ја види барем малку светлината на денот и да се радува, тоа може да го сторите на телефонскиот број 075 304 405 или на трансакциската сметка 320500028012126