Мухамед Сербезовски: Немам веќе никој, останав сам

  • By klaster2
  • јануари 22, 2022
  • 0
  • 570 Views

Мухарем Сербезовски е роден е во Топана, Скопје. Почнал да пее на 14 години, и објавил педесетина албуми и напишал 400 песни. Некои од нив се хи тови на народна музика во регионов. Напишал и седум романи

Пејачот Мухарем Шербезовски признава дека му е теш ко бидејќи останал „без собо рците“, колеги со кои изградил успешна кариера и откри дека би сакал да отпее по една песна за секој од нив.

Имено, во времето кога имал најмногу настапи, времињата биле поинакви и пејачите постојано биле на сцена и во автомобил, а денес, како што вели, се е поинаку. Најтешко му е што остана „без најблиските“.

„Јас сум зад воланот на 1.500 километри и не ми е тешко, а да речеме, син ми оди со авион каде што може. Таква генерација се“, се насмеа пејачот.

„Тој што е роден за песна, не му треба кафански факултет. Музиката е широк поим и морам да бидам искрен и нескромен.

„Ова што го работиме и твориме е нешто што треба да излегува и излегува од самата душа. Тоа што твориме е нешто доживеано.

Моментално сум најголемата жива легенда во Југославија. Сите што беа со мене ги нема Шабан, Тозовац, Новица, Синан, Џеј, останав сам“, тажно изјави Мухарем,“

Пред некој период Мухарем напиша и испеа токму песна за својот прерано заминат колега и музичка легенда Синан Сакиќ со наслов ,,Синане легендо”

„Сакам да отпеам песна за секој колега поединечно“, истакна тој и призна од којa пејачка бил фасциниран од пред 50 години.

„Тоа е Реџепова, но Уснија. Примадона е, дама, убавица. Беше послаба пејачка од Есма, но многу интелигентна жена“, искрено изјави Мухарем Шербезовски за „Грандонлајн”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.