Министерството за внаттрешни работи не знае дали побегнатиот екс-директор на УБК, Сашо Мијалков, имал двојно државјанство, но според нивните анализи и проценки тие веруваат дека тој сè уште е на територијата на Македонија.
Ова го кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција која е и прво негово појавување во јавноста откако Мијалков избега.
„Личната одговорност треба да се понесе за тоа што имате одговорност. Сега е момент во кој треба да ги насочиме сите сили да го најдеме бегалецот. Поднесувањето оставка е бегање од одговорност и триумф на криминалците“, рече Спасовски.