Мијалков се бара и под дрво и под камен – познато каде е виден последен пат

  • By admin
  • февруари 22, 2021
  • 0
  • 1911 Views

Од вчера попладне полицијата трага по Сашо Мијалков, откако не успеала да го најде на адресата во комплексот Панорама на Водно за да му го врачи решението за куќен притвор.

На барање на Обвинителството Кривичниот суд издаде решение за куќен притвор за Сашо Мијалков. Полицијата од вчера попладне го бара Мијалков во неговиот стан во Капиштец, куќата на Водно и во хотелот „Мериот“.

Пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ е закажана за 26. февруари. Мијалков е осомничен за нелегално прислушување, а Обвинителството пред неколу дена ги искажа завршните зборови. Обвинети се 12 лица, а Мијалков е првообвинет. Тој е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, од кои последното му застарува на крајот на февруари.

Сашо Мијалков е недостапен за Министерството за внатрешни работи, а екипата на ТВ21 последно го виде вчера (21.02.2021) во кафе барот Дистрикт, Мериот.

Седеше на првата маса од влезот кој се наоѓа од страна на Плоштадот Македонија. Надвор од објектот и внатре имаше неколку лица кои го обезбедуваа.

На маса беше заедно со Ивица Коневски, разговараа околу половина час. А потоа, Коневски си замина, а по извесен период и Мијалков. Влезе во хотелот Мериот, за по 10-тина минути да го напушти хотелот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.