Митко Јанчев со своето семејство со нов голем хуман потег тежок милионска сума

  • By admin
  • декември 20, 2021
  • 0
  • 642 Views

Градоначалникот на Кавадарц,Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење.

Јанчев е е дипломиран инженер-геолог на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип, а магистерските студии на истиот ги завршува на отсекот на техничките науки, петрологија, минералогија и геохемија.

Тој е еден од најуспешните приватни стопанственици кај нас, сопственик на фабриката за производство на вода, „Кожуфчанка“ од Кавадарци.

Јанчев е познат по својата хуманост и борба за општествена одговорност, а тоа го потврдуваат големиот број на активности и донации во сите сфери на општеството. Поддржувач е на голем број спортски настани и спортски клубови, како во Кавадарци, така и низ целата држава.

Дава поддршка и на многу културни и уметнички настани, помагајќи на најразличен начин. Преку различни донации придонесува и во развојот на медицината во нашата држава.

Митко Јанчев пред неколку дена на својот профил на фејсбук сподели објава од Фондацијата „Никола Јанчев“ која е во чест на неговиот татко и притоа објави:

Денес е голем верски празник кој е од големо значење за фамилијата Јанчеви. Оваа година по втор пат, Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, како и според Програмата на Фондацијата за 2021 година и Одлуката на Одборот на фондацијата “Никола Јанчев” Кавадарци , финансиски средства од 1 800 000 денари ќе се наменат за помош и поддршка во областа на здравството.

Финансиските средства се обезбедени од ченовите на семејството Јанчеви и од семејната компанија Кожувчанка .

Финансиските средства ќе се наменат за набавка на опрема односно ултра звучен апарат – ЕХО, за потребите на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија при ЈЗУ Клинички центар “Мајка Тереза” Скопје Македонија.

Фондацијата продолжува и понатаму да дејствува во насока на помагање и поддршка таму каде што е најпотребно.

За многу години денешниот празник св.Никола . Среќни и весели нека ни бидат и престојните новогодишни и божиќни празници.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.