Во ова време не време во кое многумина од нас се во трка по пари и успех, а притоа го занемаруваат она човечкото ни доаѓа една убава вест.
Имено вчера на локалниот портал „Комарец.мк“ беше објавена вест во која се велеше:
„Во синоќешните часови на банкомат во „Тутунска банка“ во Кочани наш сограѓанин нашол одредена сума на пари.Оној што ги загубил парите може да воспостави контакт на телефонскиот број“ кој беше оставен во прилог на текстоt.
Нешто два часа по објавувањете на вест човекот кој што ги пронашол парите ја информираше јавноста дека сопственикот е пронајден.
„По неполни два часа од објавата на нашиот портал дека наш сограѓанин нашол изгубени пари кај еден од банкоматите на „Тутунска банка“ се јави Миле Јанев човекот што ги нашол парите и не информираше дека лицето кое ги загубило парите му се јавило на објавениот телефонскиот број“, се вели во објавата на Комарец.мк и притоа се додава:
Му кажал кое време, каде и колку била сумата, му оставил негови лични податоци и се договориле кога да му бидат предадени парите.
Миле Јанев и во овие „луди“ времиња покажа голема чесност онаква каква што го краси со години.
„Сношти отидов да извадам некој денар од банкоматот и кога погледнав не верував во она што го видов. Одредена сума на пари некој изгубил.
Стоев некое време кај Тутунска Банка за да видам некој дали ќе наиде и ќе почне да бара каде му паднале парите. Како никој немаше си заминав и веднаш дојдов на идеја вам да ви се обратам за да поставите некоја објава.
Беше доцна и затоа оставив за денес. Човекот ми се јави многу бргу откако вие објавивте. Знам чие е момчето и се договоривме утре да му ги дадам парите за кои од првиот момент знаев дека мораа да стигнат на вистинската адреса“ ни рече со тивок глас Миле Јанев добриот човек и по душа и по карактер.
Потег за поздрав, нема што. Вистинска реткост за денешно време, секоја чест човеку.