Миа Костова: Сpaм да ви е ако мислите дека хигиеничарка треба да земе повеќе пари од таа што ви го чува детето

  • By admin
  • април 21, 2022
  • 0
  • 611 Views

Претставници на СОНК се на разговори во Министерството за образование, дознава Канал 5 од СОНК.

Се уште не се знае дали вчерашниот цврст став на СОНК генералниот штр ајк да продолжи и наредена недела ќе остане или не. Засега останува и ставот на владата дека само 10 проценти може да се зголемат платите во образованието и градинките.

Премиерот Ковачевски рече дека првиот човек на СОНК не бил доволно искрен на прес конференцијата и посочи дека кога се бара зголемување во иднина со новиот закон за плата ќе се бара и квалитет за кои плаќаат граѓаните.

Оваа темаа е доста актуелна периодово во јавноста, а за неа се огласи и познатата наша водителка и инфлуенсерка, Миа Костова:

Не смееле да шт рајкуваат, пази ти, зошто нема кој да им ги чува децата. А тоа што еден наставник да е самохрана мајка не може да однесе дете ни во Дојран со тие примања, тоа нема везе, важно некој да ти го почува детето.

Јас тргнувајќи од нашата наставничка, навистина не знам како успева да е и мајка и да се справи со 30 деца, да ги едуцира и да ги чува.

Oна што ви е нели, најбитно, и утре да земе 17.000 пензија, на 11000 денари струја во зима. Ср ам да ви е ако навистина мислите дека светот се врти околу вас и дека во приватна фирма хигиеничарка треба да земе повеќе пари од таа што ви го чува детето.

И вие не го ни мислите додека сте на работа за дупло повеќе пари, зошто, нели, нејзина си е одговорнста бе, ќе ја зад авите ако нешто му се случи.

И тоа што добивате, многу ви е. Ќе пропуштеле настава. Тоа било поважно отколку примањата на еден наставник.

Да беше вистина она што го мислите немаше да има дели квенти во 4то одделение и ќе ги воспитавте да седат сами дома додека наставникот се бо ри за нешто што вистински му следува. Реков што реков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.