Луѓето се помасовно се свртуваат кон поповолни, одржливи опции, кои се повеќе еколошки, но и за пократок џеб на сопственикот.
Според каналот „Живот во мали куќички“, Мери е инспиративна млада градителка која без претходно градежно искуство изградила прекрасна мала куќа.
Цената на викендиците не е ниска, особено сега, кога владее лу дило за куќи и парцели надвор од градовите. Ви пренесуваме инспиративна приказна за една млада девојка која сама ја изградила својата куќа од соништата.
Сè што е внатре во оваа куќа е внимателно дизајнирано: од убави детали до функционални поставки. Домот се напојува со сончева енергија, а собира и дождовница.
Има некои други паметни елементи како што е тоалет за био-варење којшто отпадот потоа го претвора во г ас за готвење.
Прекрасна орхидеја е засадена околу куќата, а има и заеднички градини кои Мери ги дели со другите кои живеат на имотот.
– Ништо не е невозможно, само треба да ги имаш вистинските луѓе околу себе – вели Мери, а интересно е што по изградбата на оваа куќа сфатила дека тоа е нејзин „професионален повик“.
Вели дека почнала да се занимава со тоа и дека не можела да се врати на својата редовна работа во лабораторијата како еколошки техничар, бидејќи оваа работа е многу позабавна.
Мери најмногу е посветена на столаријата, а кога станува збор за самата големина – куќата е долга пет метри; дрвото е црно, за да не биде премногу упадливо, има кружни прозорци, а внатрешноста ќе ве распамети.
Во едниот дел има трпезарија, кујна и биро со лаптоп. Вакво нешто е идеално за работниците на далечина, а бирото е позиционирана веднаш до прозорецот.
Така, ќе можете да ги одморите очите од работа – гледајќи во зеленилото. Тоа катче е создадено затоа што Мери не сакала да работи лежејќи во кревет по цел ден.