Животната приказна на младата Милица Мршуља, која како бебе била фрлена покрај канта за отпадоци, никого не остава рамнодушен.
Родена е на 5 февруари 1994 година во Гњилане: Веднаш откако сум се родила, ме оставиле во канта до едно училиште. Утрото случаен минувач видел замрзнато бебе во кантата и повикал полиција.
Следните три и пол месеци сум ги поминала во болницата во Гњилане. За тоа време полицијата ја бараше мојата биолошка мајка но безуспешно – изјави Милица за ,,Информер”
На петгодишна возраст дознала дека е посвоена: За време на не мирите во 1999 година дознав дека сум посвоена. Децата од улица ме гледаа со други очи и мислеа дека тоа е нешто лошо и сум поинаква од нив, вели оваа млада жена.
Милица две години се обидувала да ги пронајде своите биолошки родители: На 16 години ми се појави таа желба. Барав до 18 години.
Патот беше трнлив, сите врати на институциите ми беа затворени, бидејќи мојот биолошки татко беше многу влијателен човек и прикриваше се.
Ја запознав жената која ме роди, но веќе не сме во контакт. Таа е многу обична жена од соседството, жена која ја среќавате секој ден, за која никогаш не би рекле дека би направила такво нешто- вели Милица.
Таа нагласува дека никогаш не би можела да и прости на мајка си што ја напуштила на таков начин: Бев убеденa дека простив, но откако и самата станав мајка, сфатив дека сепак нема да можам да го направам тоа.
Таа ме оставила со цел да заминам на другиот свет, а ниедна вистинска мајка не би го направила тоа. Можеше да ме остави на топло, безбедно место, тогаш дефинитивно ќе размислував поинаку.
– Пораснав со мајка ми, татко ми и баба ми… Посвоен сум во Лесковац, каде што живеам и денес. Покрај нив имав се. Во тоа семејство бев сакана и посакувано дете.
-Кога велам „вистинска мајка“ мислам на онаа што ме посвои. Таткото за жал замина во вечност но тој беше најдобриот татко на светот. Денес сум мажена и среќна жена. Имам поддршка од сите страни и син ми Илија е најголема радост.
Милица работи како новинарка на локалната телевизија во Лесковац, има објавено три романи, а истовремено е и позната актерка која има зад себе многу телевизиски проекти но и филмови.