Долги години нананза Марјана Станојковска важи за една од нашите најубави тв лица која каде и да се појавив привлекува внимание.
Згодна, атркативна, харизматична, шармантна, професионална…..се некои од епитетите кои може да и ги дадеме на македонската водителка Марјана Станојковска.
Марјана е една од најактивните и најангажираните водителки, па ако не ја гледаме да го води „Лото“, тогаш може да ја видиме во разни други водителски ангажмани.
Водителката често е активна на социјалните мрежи каде најчесто објавува фотки од нејзиниот професионален живот, додека е на сцена, или пак рекламирајќи одреден бренд, производ.
Се вели дека кога нешто е убаво, шета е да не се види, а за нашата популарна Лото девојка Марјана Станојковска тоа е девиза по која самоуверено се води.
А зошто и да не, кога Бог ја дарил со таква маркантност која ретко кое око не би било љубопитно да и „фрли“ барем еден поглед, кој пак сигурно ќе се задржи подолго.
Марјана е активна и успешна и како инфлуенсерка на Инстаграм, па доста често има нови ангажмани за разни производи, особено козметички.
На нејзината витка фигура може да и позавидат многу млади девојки, а Станојковска со години важи за згодна убавица по која воздивнуваат мажите.
Откако поминаа топлите летни денови кои често ги поминуваше крај вода, дали тоа било море или базен, таа се сврте кон своите професионални ангажмана.
Како што рековме погоре таа е доста актуелна на својот Инстаграм профил, а Лототo е она по кое најмногу луѓето ја препознаваат, па во таа насока напиша:
Дечки, 430 000 евра може да бидат ваши . Не заборавајте одиграјте си бар една лото комбинација и уплатете онлајн или во најблиското место на Државна Лотарија. Ве чекам во сабота во 20:00 на Канал 5.