Атрактивната ТВ водителка и лото девојка и мисица Марјана Станојковска беше гостин во емисијата ,, Еден на Еден со Жаре, каде што во сосема опуштена атмосфера таа емоционално раскажуваше моменти од детството, кариерата како и приватниот живот.
– Јас сум израсната во стро гиот Центар, си игравме кај домот на АРМ, имавме убаво и незаборавно детство, исполнето со љубов и разбирање.
– Уште како мали си организарвме само избор на убавица, па така уште на шест години јас во маалото бев избрана за мис на маалото и се сеќавам добро колку бев среќна во тие моменти.
Исто така Марјана зборуваше за нејзинот претсавување на ,, Мис Универзум” и нејзината победа и за тоа како станала почесен граѓанин во еден град во Кина.
– Јас 2005 година заминав во Кина да ја претставувам Македонија, на ,, Мис Универзум” имаше преку 30 натпреварувачки.
– Претходниот ден отидовме на една манифестација а јас бев предводник на таа група. Бевме во многу градови но во градот Гвангжу ми ја дадоа титулата почесен граѓанин на тој град.
– Тоа беше пред самото финале, на кое што јас победив и станав ,, Мис Универзум”, бев збунета и изненадена, вели Станојковска за ,,Еден на еден”
– Сакам да приготвувам многу работи, во кујна поминавм одредено време, сакам благо да јадам и мора да припазам малку, додава Марјана.
– Јас поголем дел од моето детство бев со мојата баба Мира со која бев многу поврзана која секогаш ми удостојуваше што и да сакам и дарбата од готвењето ја имам наследено од неа, вели Марјана со солзи во очите, присеќајќи се.
– Бекстејџ беше еден од најубавите моменти во мојата кариера, заедно со по којниот Влатко Илиевски започнавме се дружевме и имавме многу убави моменти.
– Се сеќавам на еден интересен момент беше 1 април и тој дојде и ме праша сакаш ли да си ги смениме улогите и облеката. Јас се согласив.
– За тоа не знаеше ниту продукцијата, си ги заменивме облеките и зборувањето и направивме баш уникатна емисија, вели Станојковска.
– Соработката со Игор Џамбазов нема да ја заборавам, тој човек прави кога зборувате со него да се чуствувате како да се знаете многу долги години ете таков е тој.