Пејачката Марија Шерифовиќ веќе долго време е на сцената и важи за еден од најдобирте вокали на Балканот со моќен и продорен глас.
Својот поход кон музичкиот врв го започна, а воедно и достигна со победата на изборот за песна на годината „Евровизија” каде со одличната интерпретација и вокални способности и ја донесе првата и единствена победа на Србија на ова натпреварување.
Водителката на емисијата „Сценирање“, Вања Чамовиќ, оваа недела ја угости Марија Шерифовиќ која досега најемотивно проговори за нејзиниот приватен живот.
Пејачката Јована Николиќ Мишковиќ како изненадување се вклучи во програмата на телевизија Курир за да и остави порака на својата блиска пријателка Марија.
– Ние двете си кажавме сè, па немам многу да ти кажам, освен што сакам во блиска иднина да не ја распродаваш „Арена“, туку да менуваш пелени – кажа Јована, а на тоа Марија искоментира:
– Колку е безоб разна оваа Јована. Ние двете сме многу, многу добри пријателки и поминавме многу во овој живот. Така, ќе го земам ова предвид – изјави Марија, која претходно проговори дека сака да стане мајка.
Марија пред неколку години изјави дека би сакала да биде мајка на момче, а како што и откри на водителката на „Сценарио“ Вања Цамовиќ, нејзината желба до денес не се променила.
– Тоа е многу интимно прашање, особено во овој момент. Не сум го сменила мислењето и со нетрпение го чекам тој момент кој веројатно се ближи – вели популарната пејачка и додава:
– Се што има врска со дете е серио зна работа и за тоа нема шеги. Кај мене ќе се случи планирано, кога ќе бидам подготвена да ја потчинам суштината на мојот живот на Шерифовиќ – јуниор. Знам како ќе се вика, но не можам да кажам – вели Марија.
Марија откри дека може да се замисли во венчаница и дека сака огромен бел фустан зашто би и изгледал маестрално.
– Не сум замислувала запросување, но венчаница да и одлично ми стои. Дефинитивно ќе носам некоја на Валентино од 20 метри, да ползи зад мене, а сигурно ќе биде една од најубавите венчаници што луѓето ги виделе – откри Шерифовиќ.