За убавите жени особено за манекенките од секогаш постоеле стереотипи поврзани со нивните интелектуални потенцијали, бидејќи акцентот секогаш бил ставан на физичката убавина.
Токму гости во емисијата на ,,Бекстејџ” беа манекенките Ева Јовановска и Бисера Цуцулова кој одговараа на доста интересни прашања.
Во турска Анталија се одржаа изборот за Кралица на Евроазија 2020 и Најдобрите деца на Евроазија за 2020 година. Нашите претставници во двете конкуренции направија голем успех тогаш освојувајќи две титули:
Бисера Цуцулова ја освои титулата Трета придружничка односно Трета кралица на Евроазија 2020, а деветгодишниот Садат Јакупи на детскиот избор ја освои титулата Принц на Евроазија 2020 .
Во Анталија, Турција една година подоцна пак се одржа Мис на Евроазија 2021 на кој нашата претставничка Ева Јовановска ја освои титулата Face of the future, како најдобра од најмладите учеснички.
Таа е од Тетово, има 18 години и членка е на Модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален натпревар за убавина. Таа исто така имаше забележителен настап на талент шоуто, на кое се претстави со извонредна балетска точка.
– Уште на самиот почеток во моето средно образование јас дали три недели учествував во истото, отидов на избор на убавина, вели Бисера.
– Таму е многу напорно, одзема многу време, можеби еден месец напорна работа и тоа некако ме оформи и ме истренира да сум спремна за наредните избори.
– На тоа ги навикнав и професорите и сето тоа ми стана секојдневние, не можам да одам секој ден на училиште, тоа не е за мене, вели искрено Бисера.
– Факт е дека моделингот и тие слични работи влијаат на улилиштето и сите активности, но јас уште од мала сум навикната со тоа, вели Ева.
– Преморен си, едноставно немаш време, но постигнуваш некако, коа се сака се се може. Мене ме мотивраат професорите, но има и такви кој не го разбираат овој начин на живот.
– Секој со свое сфаќање но морам да кажам дека постарите професори се мои најоглеми фанови. Но има и такви кои сметаат дека си го губам времето и отсустввам од училиште.