Малиот Никола кој има 10 години и кој е од Скопје е првото дете-донор на периферни матични клетки во Македонија кои беа искористени за лекување на неговата 18 годишна сестра дијагностицирана со акутна леук емија.
Третманот е успешен, а Ана Марија сега е добро. Досега за ваков скап третман што чини најмалку 150.000 евра, децата мораа да патуваат во странство .
„Ме бол еше само малку тогаш кога ме боц каа“, вели Никола во изјава за Канал 5 ТВ.
Вака, малиот Никола, првото дете-донор на периферни матични клетки во Македонија, раскажува за неколкуте дена што ги минал во болница за да ѝ помогне на својата постара сестра Ана-Марија.
Престојот на Хематологија најмногу го памети по еден од лекарите кому му се налутил тој оти му ветил дека процедурата ќе трае пократко од што всушност било потребно. Ама се сѐ завршило добро со виртуелен фудбалски натпревар.
Овој десетгодишнен херој кој освен на телефон игра фудбал и во, како што вели „вистинскиот живот“ сака да стане голман, а пред камерата на Канал 5 со очи полни надеж и детска искреност ја кажа и неговата најголемата новогодишна желба.
Сите бол ести на светот за миг да ги снема е мечта и на постарата сестра на Никола која успешно го заврши третманот откако тој донираше клетки за неа.
Хероината од семејството Танески, Ана Марија, која инаку е матурантка во средното медицинското училиште по третманот, а и минатата хемоте рапија, се чувствува добро, но мора повеќе месеци да остане во изолација за да не се за рази со било каков вирус.
Сега пие полна рака лекови, поддршка за трансплантацијата, но вели тоа е лесно, тешкото поминало.
На младата Ана Марија која во оваа болница лежеше многу повеќе денови од нејзиното помало братче, најтешка ѝ била замената на нејзината бујна кадрава коса со перика.
Оваа храбра девојка, која инаку размислува да стане лекар, гордо исправена пред она што следи ама и она го минала, вели дека не треба да се игно рираат симптомите.
Сите деца кои имаат вакво заболу вање претходно мораа да одат во странство за да направат трансплантација на клетки која инаку чини околу 150.000 евра.
Во Македонија само деца помали од десет години се уште не можат да бидат донори, но од Клиниката велат дека тоа е следниот чекор.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Канал 5 тв.