Животот знае да биде доста су ров, да даде многу предизвици, да даде многу но и да земе многу, да земе нешто што е правено со години.
Таква судбина ја снајде малата Кристина и нејзиното семејство од соседна Србија која пред три месеци остана на улица откако изго ре нејзината куќа.
Тие останаа во неверување, за миг се се стори пе пел, се што граделе и што имале и останале само спомените во таа куќа.
Ова семејство незнаеше каде и што понатаму, каде со сдве мали дечиња, но тука се хуманите граѓани кој заедно со хуамнитарецот Дејан Милошевиќ се заложија да помогнат.
И по три месеци ова семејство доби дом, тие не ни очекуваа толку брзо, се уште ги сумираат своите впечатоци и се многу благодарни на луѓето што помогнале.
– Останавме на улица, препуштени сами на себе и во неизвесност што ќе се случува во иднина, ситуацијата и така не ни беше многу сјајна
– Упативме апел и фала Богу тој апел стигна до многу уши и луѓето ни помогнаа, се надевав и успеавме. Благодарен сум што добивме нов дом, вели таткото Слободан.
Малата Кристина пак е најсреќна, таа со големо воодушевување ја прими веста за вселување во нов дом а со мерак си ја уредуваше нејзината соба.
Таа заедно со нејзината сестра ветија дека ќе ја памнат добрината од луѓето и дека ќе враќаат со добро колку можат и каде можат.
Човекот кој е задолжен за реализација на вакви проекти Дејан дојде на увид во новата куќа да ги сумира впечатоците и да ги види промените.
– Сведоци сме што беше со оваа куќа и во каква состојба беше, не можевме многу да спасиме, а сега го гледаме резултатот по три месеци.
– Сакам да се заблагодарам на сите луѓе што помогнаа и од тука и од странство, што овозможија ова семејство да има топол дом во зимава, додава тој.